Виена сака централно-европска соработка со Балканот

Од:

Министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил сака во рамки на Централно-европската одбранбена соработка (ЦЕДЦ) да поттикне посилно обезбедување на границите долж балканската рута, а на идниот состанок на тоа тело ги повикува Македонија и Србија, јави Танјуг.

Австрија претседава со ЦЕДЦ и во март ќе закаже состанок за тоа прашање.

Во изјава за австриски медиуми, дадена по седницата на министрите за одбрана на ЕУ во Амстердам, Доскоцил рече дека на тој состанок ќе присуствуваат и претставници од Македонија и Србија.

ЦЕДЦ  е неформална платформа за поголема соработка во областа на безбедноста и одбраната во која членуваат Австрија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Чешка и Словачка.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски