Видодо потпиша прво помилиување на осуденик на смрт, што внесе оптимизам во Австралија

Од:

Претседателот на Индонезија денеска потпиша акт за помилување на осуденик на смрт, со што внесе оптимизам во австралиската јавност која очекува и двајца австралиски дрѓавјани, нарко дилери осудени на смрт, сепак да го избегнат застанувањето пред стрелачкиот вод за извршување на смртна казна во Индонезија.

Претседателот Јоко Видодо смртната казна на дрзок крадец и убиец, осуден на смрт во 2012 година ја заменил со казна доживотен затвор. Осуденикот Дви Трисна (28) со претседателски декрет остатокот на животот ќе го мине во затвор.

Иако не е на списокот на осуденици на смрт чија казна требаше да биде извршена на крајот на февруари, а беше одложена, наводно, поради технички недостатоци во зтворот за егзекуција, помилувањето на Дви Трисна се смета како знак дека во кабинетот на претседателот и правосудството на Индонезија се бара соломонско решение за промена на административно дефинитивната одлука за извршување на смртните казни над двајца австралиски државјани, четворица од други држави и петмина индонезиски граѓани.

Досега, за помилување на нарко дилерите од Австралија не помогнаа ни директните молби на австралискиот премиер Тони Абот, ниту огромниот притисок на јавноста во Австралија.

Поради големата закана од последиците на користењето на дроги во Индонезија, каде дневно како последица на наркотици умираат просечно по 45 лица, претседателот Јоко Видодо одлучи да не биде милостив кон нарко дилерите веќе осудени на смрт. Од 110 осуденици на смрт, 76 се обвинети за шверц на дрога.

Со над пет милиони регистрирани нарко зависници, Индонезија стана најатрактивна дестинација на шверцерите на наркотици, а сегашните власти најавија дека сакаат оваа 250 милионска држава да ја исчистат од дрога во рок од две години.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници