ВИДЕО: Зошто израелската ракета го изненади ракетниот систем „Панцир-С1“?

Од:

Објавеното видео на војската на Израел на кое ракетата Spike NLOS го уништува противракетниот руски систем „Панцир-С1“ покажува дека во целост потфрлил воениот персонал од сиријската одбрана. И покрај сите опасности на небото над Сирија, ракетниот систем најверојатно бил исклучен и тоа позициониран на среде писта за полетување.

Од видео материјалот што беше објавен во моментот на ударот на ракетата во „Панцирот“, тој е во неборбена позиција, на место кое не е вообичаено за борбени услови. Системот не е ниту маскиран. Сето тоа според експерите укажува дека противракетниот систем не бил подготвен за какво било воено дејство, пишува за весникот Газета, Михаил Ходаренок, поранешен висок офицер во единиците на противвоздушната одбрана и воен експерт.

Според експертите топовите и ракететите на системот не биле свртени кон позиција од каде што доааѓа израелската ракета, дури имаат позиција која одговара на распоредот кога системот е надвор од функција.

Се претпоставува дека непосредно пред ударот на израелската ракета, Панцирот бил во движење по што сопрел и дека во таа позиција се наоѓал најмалку неколку минути кога долетала и ракетата. Ова може да се заклучи и врз основа на позицијата на воениот персонал кој е на 20 метри од системот.

Според експертите ваквото оставање на овој систем е сосема неодговорно од страна на сиријската војска која треба да има свест дека секоја минута од Израел, Либан или Јордан може да долета ракета која несомнено ќе уништи добра цел како што е Панцирот.

По оваа акција на Израел, се поставува и прашањето дали систем како „Панцир-С1“ може да открие и собори ракета Spike NLOS каква што испука Израел?

Според експертите, овој систем без никакви проблеми може да ја пресретне израелската ракета и со топовите 2А38 у кал.30мм, а посебно са ракетите 576Е кои имаат 100% успешност. Радарот на овој систем е премногу сензитивен, и открива објекти во воздухот и до 20 километри.

Притоа, брзина на целта која се соборува може да достигне 1000 метри во секунда. Поради ова, се поставува прашањето за организација на сиријската ПВО која очигледно потфрлила. Системите за ПВО не дејствуваат посебно, туку во меѓусебна интеракција и во поширока група.

Тие секогаш се во поголема формациска група. Доколку „Панцирот“ бил во движење, тогаш требало да се покрие со останатите средства за противводушна одбрана кои се дел од истата борбена формација и кои се наоѓаат на позиции подготвени за дејство, што очигледно при погодокот на ракетата воопшто го немало.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа