Од насолзени очиња до огромна насмевка. Бебето старо само 2 месеци кое беше спасено по 120 часа под урнатините во Турција, заздравува и е добро.
На социјалните мрежи вработените во болницата објавија видео од преслатката насмевка на овој мал херој.
@ilkinrustamzadeh Türkiyədəki zəlzələnin siması olan körpə artıq tam sağlamdır. Duşunu da alıb🥰 #Baku #Azerbaijan #kesfet #tiktok ♬ orijinal ses – İlkin Rüstəmzadə
Бебето беше спасено во турската провинција Хатај по речиси 120 часа минати под урнатините на неговиот дом по смртоносниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.
Бебето моментално е во градската болница во Адана и е во добра здравствена состојба, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Норса Кескин, специјалист педијатар, објасни дека мајката и таткото на детето се уште не биле пронајдени, додавајќи:
„Бебето остана под урнатините 5 дена. Потоа со авионска брза помош е префрлено во болница, и неговата општа состојба е добра. Тој е добро, но неговото лекување и следење продолжуваат до целосно стабилизирање на неговата состојба.
Таа додаде дека болничкиот персонал напорно работи на утврдување на идентитетот на неговото семејство, во соработка со Јавното обвинителство, полициските сили и Министерството за социјални услуги, велејќи:
„Ова дете ќе остане со нас до завршување. на потрагата, а дотогаш сме му мајка и татко“.