ВИДЕО: Жестоки првомајски протести во Франција и во Италија

Од:

На традиционалните првомајски протести во Париз полицијата се судри со демонстрантите. Полицијата интервенираше и на протестите вo неколку италијански градови.

Илјадници луѓе денеска учествуваа на протестите низ Франција. Во Париз имаше судири со полицијата на дел од групите демонстранти.

Учесниците на протестите бараа социјална правда и зголемување на платите како и претседателот Eмануел Макрон да се откаже од идејата за зголемување на старосната граница за одење во пензија.

Најголемиот дел од собирите беа мирни, а полицијата во Париз интервенираше откако анархистите од „Црниот блок“ се обидоа да направат барикада на улица во близина на Плоштадот на Републиката.

Во Париз и во другите градови, Лил, Нант, Тулуз и Марсеј беа организирани вкупно 260 собири. На протестите имаше и политичари главно од француската левица.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо