Од Кахраманмарас, кој речиси е срамнет со земја по разорните земјотреси што во понеделникот ја погодија Турција, до јавноста дојдоа неверојатни слики кои го покажуваат невештото и непрофесионалното работење на градежниците во источниот регион на земјата.
На видеото што го објави турскиот медиум „Сабах“, се слушаат двајца мажи кои со неверување покажуваат кон зграда која е навалена наназад бидејќи нема темел. Станува збор за станбена зграда од пет ката која иако не е урната, но веќе не е употреблива за домување.