Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави денеска извести за земјотрес со јачина од 5 степени во близина на Јоханесбург, Јужна Африка.
Земјотресот се случи во 2:38 часот по локално време на околу десет километри под површината на земјата и ги потресе зградите во најнаселената провинција во Јужна Африка, Гаутенг.
Жителите го почувствуваа потресот, а некои објавија фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат оштетени или испукани ѕидови.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер го погоди рударскиот град во близина на Јоханесбург во август 2014 година.
Последниот голем земјотрес што ја погоди Јужноафриканската Република датира од 1969 година и се случи во провинцијата Западен Кејп со јачина од 6,3 степени.