(ВИДЕО) Зеленски: Русите брзајќи да избегаат ја оставија опремата за мачење цивили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили, кои претходно окупираа голем дел од украинската област Харков, за широко распространето мачење на населението.

Најмалку 10 места за тортура беа откриени во ослободениот источен регион, рече Зеленски во видео обраќање.

„Тортурата беше широко распространета практика на окупираната територија“, рече претседателот, нарекувајќи ги окупаторите, кои побегнаа од украинската контраофанзива пред една недела, „фашисти“ и споредувајќи го нивното однесување со нацистите.

Како и нацистите, Русите за своите постапки ќе одговараат на суд, рече Зеленски.

„Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои мачеа и малтретираа луѓе, кои овие злосторства од Русија ги донесоа овде на украинска територија“ – порача украинскиот претседател.

Тој рече дека окупаторските сили ја оставиле опремата за мачење кога побегнале. Украинските власти објавија и фотографии од, како што веруваат, комори за мачење и опрема за мачење.

Доказ за тортура беа пронајдени и меѓу телата откриени во масовна гробница во шума во близина на градот Изјум, рече Зеленски, додавајќи дека работата за ексхумација на мртвите продолжила вчера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски