ВИДЕО: Зеленски го посети Херсон, вети дека ќе обнови сè

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот регион Херсон, ја обиколи локалната инфраструктура и вети дека ќе „обнови сè“ по руската инвазија. Посетата на регионот каде Украина спроведе успешна контраофанзива против руските окупаторски сили на крајот на минатата година беше второ заминување на Зеленски од Киев оваа недела.

Тој вчера ја посети војската во близина на источното бојно поле во градот Бахмут. „Разговарав со локалните жители за нивните моментални проблеми и потреби“, напиша Зеленски на Телеграм под фотографиите од посетата на Херсон.

„Ќе обновиме сè, се ќе изградиме од почеток. Сите градови и села што настрадаа поради окупаторите“, додаде тој.

Украинската контраофанзива минатата година ја турна руската армија од регионалниот центар Херсон по неколкумесечна окупација. Работниците сега се зафатени со обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода.

„Мораме да се грижиме за целосно обновување и заштита на нашиот енергетски сектор!“ Зеленски напиша во посебна објава во која може да се види како ја обиколува енергетската инфраструктура.

„Благодарен сум на сите што работат на ова и ја враќаат светлината на нашиот народ!“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски