ВИДЕО: Зеленски ги објави деталите од предлогот на 30-дневно примирје

Од:

Володимир Зеленски даде дополнителни појаснувања за предлогот за 30-дневен прекин на огнот што беше договорен со лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Полска.

Еве краток преглед на она што, според Зеленски, вклучува предлогот:

Безусловен прекин на огнот за 30 дена, почнувајќи од понеделник, 12 мај, „во воздух, на море и на копно“

„Надзорот на неговото спроведување е целосно изводлив“, рече Зеленски, додавајќи дека е „реален со координација со САД“.

За време на затишјето, треба да започнат разговори за безбедносните, политичките и хуманитарните основи на мирот.

Доколку Русија ги отфрли условите за безусловен прекин на огнот, ќе бидат воведени дополнителни санкции, особено на нејзиниот енергетски и банкарски сектор.

Украинскиот претседател рече дека партнерите од ЕУ веќе работат на нов, силен пакет санкции, во соработка со Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Норвешка.

„Беше договорено дека јасен приоритет е зајакнувањето на одбраната и безбедносните сили на Украина како основна гаранција за суверенитетот и безбедноста на Украина“, додаде Зеленски. „Клучен елемент на безбедносните гаранции треба да биде и поддржувачкиот контингент.

Зеленски рече дека Украина и нејзините сојузници чекаат одговор од Русија.

Би можело да ве интересира

Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да зазема територии“

Предраг Петровиќ

Путин ѝ се закани на Украина: „Отворија Пандорината кутија“; ќе следи жесток удар

ВИДЕО: Напад со балистички ракети на Киев, најмаклу шестмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

ВИДЕО: Гори околината на Москва, жесток украински напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски