(ВИДЕО) Зеленски: Целта на Русија е да ја распарчи Европа и да и зададе удар на демократијата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека целите на Русија се многу подалеку од сегашната војна против Украина.

„Крајната цел на руското раководство не е само да ја окупира територијата на Украина, туку да ја распарчи цела Централна и Источна Европа и да и зададе глобален удар на демократијата“, рече Зеленски во видео-пораката доцна вечерта во вторникот на сервисот за пораки Телеграм. .

Една од целите на Москва е „глобален удар против демократијата“, рече Зеленски.

Во „слободниот свет“ практично сите разбраа дека инвазијата на Украина е само почеток, додаде тој.

Нападите на пример, во регионот Одеса на југ или во Донбас на исток, само ќе донесат „нови загуби“ на Русија, предвиде Зеленски.

Тоа би резултирало со нов пакет санкции на ЕУ или повеќе трговски ограничувања, а повеќето Руси ќе мора да платат за агресивната политика на владата во Москва со сиромаштија, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков