(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Од:

Поради снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од вкупно 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции, јавува Си-Ен-Ен Турк.


Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни врнежи, снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараши, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и други провинции.


Поради снег и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на одредени области одлучи и утре да ја прекине наставата.

Во провинцијата Малатија, на истокот на земјата, од снежните наноси на патиштата спасени се 787 граѓани. Во областа Хекимхан, пет овчари кои беа завеани на планина беа спасени, но еден од нив подоцна почина во болница.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Предраг Петровиќ

Врне снег на Попова Шапка и на превојот Буково

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он