ВИДЕО: Вулканот Килауеа на Хаваи повторно е активен

Од:

Вулканот Килауеа на Хаваи повторно почна да исфрла вулкански гасови, објави Американскиот геолошки институт (USGS).

Нивото на тревога за вулканот беше зголемено на црвено откако беше забележан смог на врвот на вулканот.

Повисоко ниво на предупредување беше објавено откако беше проценета моќта на ерупцијата и потенцијалните опасности кои произлегуваат од ерупцијата, наведува Ројтерс.

УСГС соопшти дека вулканскиот гас, кој се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“, мешавина од вулкански гас и пепел потенцијално опасни по здравјето на луѓето, особено оние со респираторни проблеми. Вог, освен што е опасен по здравјето на луѓето, може да предизвика и штети на земјоделските култури.

Килауеа еруптира често од 2021 година. Последната, не толку голема ерупција, трае веќе неколку месеци.

Тоа е помладиот и поактивен сосед на вулканот Мауна Лоа, кој еруптираше во ноември за прв пат од 1984 година.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан во Јапонија: Граѓаните добија итно предупредување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик