Местото Беери беше првото на мета на Хамас. Станува збор за кибуц на околу пет километри од Газа. На тоа место подоцна ќе се најдат над сто тела на луѓе убиени од терористи. Станува збор за место каде живеат околу 1000 луѓе. Тешко вооружени милитанти на мотори упаднаа околу 7 часот наутро, само половина час откако ја пробија и ја преминаа границата што ја дели Газа од Израел.
На видеата кои сега се појавија, може да се видат милитанти како извлекуваат три тела од автомобилот. Потоа крадат автомобил и возат на север.
Друго видео покажува вооружени милитанти кои водат заложници. Подоцна беа снимени четири тела на заложниците од снимката. Преплашените жители изјавија за израелската телевизија Канал 12 дека напаѓачите оделе од врата до врата, обидувајќи се да упаднат во нивните домови.
Од најмалку 107 тела откриени потоа, повеќето биле локални жители на кибуцот, иако некои им припаѓале на израелските безбедносни сили, изјави портпаролот за пребарување и спасување за Си-Ен-Ен. Израелската војска во понеделникот призна дека Беери бил „многу лошо погоден“.
Нападот на Беера се случи во исто време кога милитантите на Хамас нападнаа музички фестивал, познат како Нова, на само пет километри јужно, пукајќи ги посетителите на забавата од непосредна близина и ограбувајќи го нивниот имот.