Вооружен маж е убиен, а тројца полицајци се повредени во пукање во близина на израелската амбасада во Јордан, соопштија безбедносни извори.
Полицијата уби напаѓач кој пукал во полициска патрола во населбата Рабија во Аман, објави државната новинска агенција Петра.
تغطية صحفية: سماع إطلاق نار في محيط سفارة الاحتلال في العاصمة عمان مع تواجد أمني مكثف pic.twitter.com/Ompju7JX31
— شبكة قدس الإخبارية (@qudsn) November 24, 2024
Јорданскиот министер за комуникации Мохамед Момани го опиша пукањето како терористички напад врз припадниците на јавната безбедност.
Тој додаде дека истрагата за нападот е во тек.
Полицијата ги повика жителите да останат во своите домови додека трае потрагата по останатите осомничени.
Оваа област е во фокусот на честите демонстрации против Израел.