ВИДЕО: Вонредна состојба во Колорадо

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 172 се водат како исчезнати во поплавите кои што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо.

Додека илјадници лица во државата се евакуирани од областите во кои беснеат надојдените реки, пожарите во Њу Џерси ја уништуваат обновената инфраструктура.

Доказ дека временските прилики не ги заобиколуваат САД, се двете невообичаени „пијавици“, кои налик на торнадо, поради мешање на топлиот и студениот воздух се спуштиле над езерото Мичиген.

Долготрајните дождови, какви што населението не памети, предизвикаа поплави и одрони, од големи размери поради што претседателот Барак Обама, во Колорадо прогласи вонредна состојба.

Патиштата се блокирани, а гувернерот донесе одлука жителите под итно да бидат евакуирани, бидејќи водата до сега однесе најмалку четири животи.

-Можеби не делува така, водата едвај достигнува половина метар, но верувајте дека е многу опасно. Ова не е нормална вода. Бегајте од мостовите, бегајте што подалеку, рече гурернерот на Колорадо, Џон Хикенлупер.

koloradoUraganPozar (1) Три илјади километри источно, поточно во државата Њу Џерси која се уште се опоравува од разорниот ураган од 2012 година, пожар зафати четири блока во Сисајд Парк и Сисајд Хајтс, при што уништи над 50 фирми, продавници и друго.

-Пожарот за сега е локализиран и се надеваме дека нема повторно да се разгори. Се уште имаме неколку жаришта, кои ги држиме под контрола, изјави шефот на противпожарната служба во државата.

Уште една опасност им се заканува на САД, но од правецот на Кариби, каде што ураганот Габриела, кој што го погоди архипелагот, би можел да се сретне со ураганот Ингрид со што сериозно би се загрозило целото крајбрежје на Мексиканскиот залив.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Водата во Куманово не е за пиење, запрена е во најголем дел од градот

Катерина Ѓуровски

Поплави и оштетени објекти, патишта и земјоделски површини од невремето што ја зафати земјава

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува