ВИДЕО: Во Москва со концерт се одбележува годишнината од војната

Од:

Во Москва денеска голем број луѓе дојдоа на стадионот „Лужники“, каде се подготвува концерт за одбележување на првата годишнина од војната во Украина, исто како Денот на бранителот на татковината. На митингот се очекува да зборува рускиот претседател Владимир Путин, а ќе настапат и голем број руски пејачи.

Руските медиуми објавуваат снимки и фотографии на кои се гледа како масите луѓе се слеваат кон стадионот на кој се играше финалето на Светското првенство во 2018 година.

Со цел да се обезбеди добра посетеност на концертот, во Москва пристигнаа голем број автобуси од другите делови на Русија. Како што објави Би-Би-Си, на руските канали Телеграм се појавија фотографии од реклами кои на потенцијалните посетители на концертот им ветуваат 500 рубли (нешто помалку од 7 американски долари).

Некои огласи се директно упатени до студентите. Сите студенти кои сакаат да дојдат на концертот не мора да посетуваат предавања цел ден“, стои во една реклама. Во вториот, на студентите кои доаѓаат на концертот во Москва им се ветува „бесплатна храна и подароци“. Би-би-си објави дека еден постер кој го рекламира концертот им забранува на посетителите да носат жолто или сино – боите на украинското знаме.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли