ВИДЕО: Во Либан и во Оман се слави, Хезболах ја поздрави „херојската акција“ на Хамас

Од:

Прослави на улиците на Оман и на Либан откако Хмас утрово го нападна Израел. На снимките се гледа дека во овие земји се прославува со палестински знамиња.

Проиранското шиитско движење Хезболах од Либан, кое има силно вооружено крило, денеска му честиташе на исламистичкото движење Хамас за „херојската операција од големи размери“ додека во мугрите започна воена офанзива против Израел. Хамас утринава ја започна операцијата поплава Ал Акса против Израел со лансирање на повеќе од 5.000 ракети од Појасот Газа.

„Хезболах му честита на палестинскиот народ и неговите сојузници на бригадите Ал-Касам и Хамас“ за оваа херојска операција од големи размери“, се вели во соопштението. Хезболах е супер-непријател на Израел и одржува добри односи со Хамас, кој го контролира Појасот Газа од 2007 година.

Иран го поддржа палестинскиот напад врз Израел. Тоа го направи советникот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.

„Им честитаме на палестинските борци“, рече Рахим Сафави. „Ние стоиме покрај палестинските борци до ослободувањето на Палестина и Ерусалим“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“