ВИДЕО: Властите на Нов Зеланд предупредуваат на цунами и апелираат луѓето да се тргнат од плажите

Од:

Министерството за цивилна заштита и вонредни ситуации на Нов Зеланд на Твитер објави предупредување на цунами, издадено денеска после силниот земјотрес кој го погоди централниот дел на државата. Тие напоменуваат дека се уште важи препораката луѓето да се тргнат од плажите, додека медиумите јавуваат за бранови цунами со височина до пет метри.

„Предупредувањето ќе остане во сила додека ние не издадеме порака за негово прекинување. Заканата е реална. Тргнете се од плажите“, се наведува на Твитер страницата на ова Министерство.

Американските медиуми соопштуваат дека по земјотресот со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала и официјалното предупредување за „разорни бранови во висона до пет метри во некои подрачја“, илјадници луѓе кои живеат на источниот брег на Нов Зеланд ги напуштија своите домови, бегајќи кон повисоките места.

Новозеландскиот весник „НЗ Хералд“ наведува дека Градскиот совет на најголемиот град на Јужниот остров – Крајстчерч објавил дека се очекуваат бранови со висина меѓу три и пет метри во следните неколку часови.

Весникот објавува дека најтешко е погодено малото место Вајау, кое е отсечено од светот откако земјотресот ги уништил сите пристапни патишта. Се наведува дека неколку големи автопатишта на Нов Зеланд се затворени поради земјотресот, дека има оштетувања на неколку мостови и оти во главниот град Велингтон е отворен уште еден центар за евакуираните.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак