Вакцините „Фајзер“ и „Астра зенека“ даваат одличен одговор на варијантата идентификувана во Индија по две примени дози покажува истражувањето на Public Health England. Две примени дози од било која од овие две вакцини на индиската варијанта има речиси идентичен одговор како кај британскиот сој.
Сепак двете вакцини покажале само 33 проценти ефикасност по три недели од примањето на првата доза.
Во истражувањето се потенција дека двете вакцини се дури и поефикасни во спречувањето сериозни случаи на болеста за кои би било потребно болничко лекување како и смртни случаи.
Вакцината „Фајзер“ има 88 посто ефикасност во спречувањето симптоматско заболување со индиската варијатна две седмици по втората доза, „Астра зенека“ има 60 проценти ефикасност на индиската варијанта.
Истражувачите сметаат дека разликата во ефикасноста веројатно се должи во тоа што втората доза „Астра зенека“ дојдоа многу подоцна во употреба со оглед дека „Фајзер“ порано доби дозвола за користење.
Друго истражување покажува дека на вакцината „Астра зенека“ и е потребен многу подолг период за да до достигне максимумот во ефикасноста.
12.675 случаи биле вклучени во истражувањето кое се одвивало меѓу 5.април и 16. мај. 1.054 од испитуваните случаи била заразени со индиската варијант позната како Б.617.2.