(ВИДЕО) Ужасни сцени на трагедијата во Шведска, снимен е и напаѓачот

Од:

Околу 10 лица се убиени денеска во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, а се верува дека напаѓачот е меѓу загинатите, соопшти денеска шведската полиција.

Најмалку 15 лица се повредени во престрелката, објави претходно шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT.

На социјалните мрежи кружат фотографии од местото на несреќата на кои се гледа како луѓето лежат на подот од училницата.

Објавена е и снимка од наводниот напаѓач.

Марија Пегадо (54), наставничка, изјави за Ројтерс дека некој ја отворил вратата од нејзината училница веднаш по паузата за ручек и викал сите да излезат.

„Ги извадив сите мои 15 ученици во ходникот и почнавме да трчаме. Потоа слушнав два истрели, но излеговме. Бевме во близина на влезот на училиштето. Видов луѓе како ги извлекуваат ранетите, прво еден, па потоа друг“, рече Пегадо.

Би можело да ве интересира

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

Шведска го прогласи рударството за национален интерес, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал