„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Од:

Поетесата и писателка Билјана С. Црвенковска од Македонија ќе биде специјална гостинка на 36-тото издание на традиционалната културна манифестација „Денови на македонската поезија во Шведска“, што денеска ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг.

На манифестацијата, која се организира под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, ќе настапат дваесетина поети од македонско потекло кои живеат и творат во Шведска, како и автори од други националности, меѓу кои и членови на Писателскиот центар во западна Шведска.

Во програмата е предвидено и учество на ученици со македонско потекло, кои ќе се претстават со музички и рецитаторски изведби инспирирани од творештвото на познати македонски автори.

Гостин на манифестацијата ќе биде и директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, кој за време на посетата на Гетеборг ќе оствари средби со македонските здруженија и со Македонската православна црковна општина во градот.

Според секретарот на Македонскиот сојуз во Шведска, Ивица Челиковиќ, интересот за учество во годинашната програма е голем, а условите што ги нуди Градската библиотека во Гетеборг овозможуваат успешно одржување на поетската манифестација.

Во рамки на денешната програма ќе се одржи и годишното собрание на Македонското поетско друштво „Дениција“ од Гетеборг, кое традиционално ја подготвува и реализира манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Skopje Design Week 2026: Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи

Огромен интерес за мастеркласот на Драган Бјелогрлиќ на Скопје Филм Фестивал 2026

„Бои и вино“ – ликовно ќоше каде секој може да биде уметник

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт