(ВИДЕО) Украински војник седи мирно додека на него е црвена ласерска трага од снајпер

Од:

Додека битката за Бахмут е во полн ек, на социјалните мрежи е споделено видео од украински војник кој и покрај непријателскиот оган е целосно мирен додека ја врши работата.

Не се знае кога и каде точно е снимено видеото, но најверојатно е снимено со дрон. На него се гледа руско оклопно возило БТР-82А на отворено поле како напаѓа ров каде што се крие војникот.

Пукаат топови и митралези, се слушаат најмалку три експлозии, но Украинецот во својот ров успева да остане ладен.

Се движи мирно и замислено, невознемирен од гранатите кои паѓаат околу него. Тој едвај се оттргна кога силните експлозии го потресоа ровот.

Во еден момент на неговата фигура се гледа црвена ласерска трага од снајпер, но војникот едноставно го игнорира и тоа.

„Нашиот херој под силен оган, еден на еден со оклопен транспортер! За овие луѓе, кои немо ја бранат нашата земја, треба да се пишуваат книги! Слава на Украина!“, беше објавено на Твитер.

Би можело да ве интересира

Вашингтон со наредба: Стоп за испорака на „Патриотите“, сите мора да се дадат на Украина

Предраг Петровиќ

Руски извори: Во Одеса пристигнаа француски платеници

Предраг Петровиќ

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Шолц: Русија во иднина ќе мора да учествува на конференција за Украина

Предраг Петровиќ

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја