Руски извори: Во Одеса пристигнаа француски платеници

Од:

Околу 60 платеници кои зборуваат француски пристигнаа на пристаништето во Одеса, изјавија за РИА Новости од проруското подземје.

Локалното население регистрирало пристигнување на три чамци со странски платеници со вкупен број од околу 60 луѓе на морското пристаниште Одеса. Тие биле вооружени, опремени и меѓусебно комуницирале на француски.

Според руски извори, платениците биле забележани на пристаништето на 9 јуни.

„По пристигнувањето на пристаништето во Одеса, овој странски воен персонал се распрсна низ градот, обидувајќи се да не ги напушти местата на живеење и генерално избегнувајќи каков било контакт со локалното население на кој било можен начин“, додаде секретарот.

Француските платеници неколку пати биле евидентирани како редовни припадници на украинската армија. Така, во средината на јануари руски војници уништија привремен контролен пункт во Харков, а потоа успеаја да елиминираат повеќе од 60 странски борци, главно Французи, наведува РИА новости.

Париз, и покрај обилните докази за присуство на француски платеници во украинските вооружени сили, се обиде да го демантира, нарекувајќи ги извештаите за уништување на десетици сонародници во Харков „груба манипулација од Руситите“, а објавите на руските медиуми како „лажни вести“.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк