ВИДЕО: Украинци фрлија пратеник во контејнер

Од:

Група револтирани украински граѓани, со цел да се одмаздат на поранешниот претседател Виктор Јанукович, фрлија еден член од неговата партија во контејнер, пренесуваат медиумите.

Партијата на регионот, чиј што лидер беше Јанукович, соопшти дека нема да учествува на претстојните избори кои ќе се одржат на 26-ти октомври, но сепак еден нивен пратеник заврши во контејнер за смет.

Граѓани го фатиле пратеникот и го фрлиле право во ѓубре, каде што го држеле некое време и не му дозволиле да излезе.

Се претпоставува дека до инцидентот дошло поради лидерот на неговата партија, Јанукович, кој што е протеран од Украина по повеќемесечните протести и немири во Киев.

Интересно е што на местото каде што се случил инцидентот, се наоѓале и претставници на полициските сили, кои реагирале дури по некое време.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17