ВИДЕО: Украина оштети руски воен брод по нападот врз пристаниште на Крим

Од:

Министерството за одбрана на Русија потврди дека е оштетен еден од нејзините воени бродови по украинскиот напад на пристаништето на полуостровот на Црното Море Крим, окупиран од Русија.

Големиот амфибиски брод Новочеркаск, кој е дел од руската Црноморска флота, бил погоден од украински воздушни напади, соопшти Министерството за руската државна новинска агенција ТАСС. Се појавија снимки од моментот на нападот.

Според гувернерот на Крим назначен од Русија, во нападот загинало едно лице, а уште две се повредени. Претходно украинските воздухопловни сили објавија дека уништиле воен брод со помош на крстосувачки ракети. Според Москва, руската противвоздушна одбрана уништила два украински борбени авиони кои го нападнале Новочеркаск.

Двата соборени авиони Сухој Су-24 припаѓале на тактичките ескадрили на украинските воздухопловни сили и истрелале наведувани проектили, соопшти Министерството во Москва.

Украина претходно извести за распоредување на тактички сили, но од Киев нема информации за можно уништување на борбени авиони. Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, стана честа цел на украински напади.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он

Симонјан: Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

Горан Наумовски

Русите собориле четири украински ракети насочени кон Крим

Москва: Спречени се украински напади на Крим

Горан Наумовски

Одекнаа експлозии низ Крим: Не нападнаа со десетици дронови

Горан Наумовски