ВИДЕО: Украина објави дека ослободила дел од Бахмут, продолжува една од најтешките битки во војната

Од:

Украинските сили во последните денови ослободија околу 20 квадратни километри територија од руските сили околу источен Бахмут, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар. Таа на Телеграм напиша дека руските сили „направиле одреден“ напредок во градот Бахмут и дека тешките борби продолжуваат.

„Непријателот малку по малку напредува во самиот Бахмут, целосно уништувајќи го градот со артилерија. Покрај тоа, непријателот носи професионални падобранци. Тешките борби продолжуваат со мешани резултати. Во сегашната ситуација, нашите војници даваат се од себе, па дури и повеќе од тоа“, рече таа.

„Фактот што одбраната на Бахмут трае толку месеци и има напредок во одредени области ја покажува силата на нашите борци и високиот степен на професионалност на командата на одбраната. Ќе потсетам дека непријателот има предност во бројот на луѓе и оружје. Во исто време, благодарение на акциите на нашата армија, тој од минатото лето не може да ги реализира своите планови во правец на Бахмут“, додава тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски