(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав

Од:

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав. Истите извори тврдат дека рафинеријата била погодена од напад со беспилотни летала.

Сепак, регионалниот гувернер Михаил Јевраев, кој потврди дека избувнал пожар во рускиот Јарославски регион, ја исклучи можноста за непријателски напад како причина. Според него, пожарот избувнал поради „техничка неисправност“.

„Жителите биле загрижени дека тоа би можело да биде резултат на непријателски напад со беспилотни летала. Но, она што се случило нема никаква врска со тоа… Пожарот е од технолошка природа“, рече тој на Телеграм, како што објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски