Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека е неправедно граѓаните на земјата да ги трпат последиците од војната во Украина во која тие не учествуваат, нагласувајќи дека конфликтот ја забавил унгарската економија и ги зголемил трошоците за енергија.

– Ние не ја започнавме војната, но таа ја забави нашата економија, рече Орбан, објави МТИ.

Тој изјави дека во 2022 година, поради војната и, како што оцени, „погрешните санкции од Брисел“, дошло до нагло зголемување на цените на енергијата, поради што Унгарија, како што тврди, изгубила 10 милијарди евра за една година и морала да плати 17 милијарди евра за увоз на енергија, наместо седум милијарди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир