ВИДЕО: Убиени петмина хуманитарци што делеле храна во Газа

Од:

Петмина вработени во шпанската хуманитарна организација World Central Kitchen (WCK) загинаа во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, објавија палестинските медиуми. Хуманитарните работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија се меѓу жртвите на нападот врз возилото јужно од Деир ал Балах, во центарот на окупираниот крајбрежен појас, објави Тајмс оф Израел.

Засега е познато дека меѓу загинатите хуманитарни работници има државјани на Велика Британија, Полска и Австралија. Австралија потврди дека нејзиниот државјанин е убиен. Си-Ен-Ен доби видео снимка на која се гледаат повеќе тела облечени во WCK елеци. Од телата биле земени британски, полски и австралиски пасоши.

Објавен е идентитетот на убиениот австралиски државјанин. Станува збор за Зома Френк, менаџер во WCK. Организацијата на крајот на март објави видео во кое 43-годишниот Франком, роден во Мелбурн, зборува за оброците кои се подготвуваат за Палестинците во Појасот Газа, пишува „Гардијан“.

„Свесни сме за извештаите дека членовите на тимот на Светската централна кујна биле убиени во напад на ИДФ додека работеле на поддршка на нашите хуманитарни напори за испорака на храна во Газа“, објави WCK на X. „Ова е трагедија. Хуманитарните работници и цивилите никогаш не треба да бидат цел. Никогаш“, напиша хуманитарната организација.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија на Телеграм дека ги истражуваат извештаите. „По денешниот извештај на персоналот на Светската централна кујна во Газа, ИДФ врши темелна проверка на највисоките нивоа за да ги разбере околностите на овој трагичен инцидент“, напиша ИДФ.

„ИДФ прави големи напори за да се олесни безбедното доставување на хуманитарна помош и тесно соработува со WCK во нивните витални напори да обезбеди храна и хуманитарна помош за луѓето во Газа“, продолжи војската.

WCK е вклучена во испораката на помош за Газа, која од март пристигнува во воената зона со бродови од Кипар. Организацијата ја презеде и дистрибуцијата на помош за луѓето во Појасот. В

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски