ВИДЕО: ТВ Фокс 5 наместо слика од силувач објави од Обама

Од:

Американската телевизиска станица Фокс 5 во Сан Диего по грешка ја објави фотографијата на претседателот на САД, Барак Обама додека водителката читаше вест за потрага по силувач на една студентка.

Додека водителката го најавуваше прилогот за тоа дека обвинителството не собрало доволно докази да го стави дваесетгодишниот Франциско Суз во затвор, затоа што принудил една студентка на секс, режијата наместо од Суз објави фотографија од Обама.

Интересно е што никој од телевизијата не им се извини на гледачите, ниту на Обама, а надлежните велат дека гафот е ненамерен и беззначаен.

-Немаме обичај да се извинуваме во живо во програма кога се во прашање такви ситни работи-изјави за „Тајмс“ Мајк Вили, еден од уредниците.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува