Пожарникарот Али Чакаш ја посвои мачката која што ја извлече од урнатините во Газиентеп. Али кој живее во Мардин беше дел од спасувачката мисија во подрачјата погодени од разорните земјотреси на почетокот од месецов. Неговиот тим спаси пет луѓе и три мачки. Една од мачките буквално остана „залепена“ за него.
Turkish firefighter adopts cat he rescued from quake rubble in Gaziantep
🔴 LIVE updates here: https://t.co/rjJzOvo2mE pic.twitter.com/FcsqYrQmcf
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 20, 2023
Тој ја зеде со себе дома. Мачката го доби името Енказ (урнатина).
„Мачето е убаво, паметно и мирно, има енергија која одговара на мојата.Си реков дека мора да ја вдомам. Постојано беше со мене и не можев да ја оставам“ – раскажува Али.