(ВИДЕО) Трудо на работ на солзи поради смртта на Кралицата: Ќе ми недостигаат разговорите со неа

Од:

Канадскиот премиер, кој  британската кралица Елизабета Втора ја запознал како момче, беше на работ на солзи кога зборуваше за нејзиното заминување. Во своето обраќање до Канаѓаните, Трудо ја опиша британската кралица, која почина вчера, како една од неговите омилени луѓе во светот.

„Имаше длабока и постојана љубов кон Канаѓаните“, рече Трудо.

„Како нејзин 12-ти канадски министер, тешко ми е да поверувам дека нашата последна средба навистина ни беше последна. Ќе ми недостигаат тие разговори“, рече канадскиот премиер. Имено, Трудо како син на тогашниот канадски премиер Пјер Елиот Трудо бил присутен на средбата меѓу неговиот татко и кралицата Елизабета.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба