Израел започна воздушни напади врз Хутите во Јемен, еден ден откако дрон лансиран од групата го погоди Тел Авив. Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека неговата земја сака да „испрати порака“ со овој напад. Израел изврши напад на пристаништето во градот Ходеида со борбени авиони Ф-15 и Ф-35.
תיעוד מרגעי ההיערכות ותמונות של מטוסי בז F15 בדרכם לתקיפה בתימן pic.twitter.com/fY8RtdzAbr
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) July 20, 2024
„Пожарот што моментално гори во Ходеида се гледа низ Блискиот Исток и пораката е јасна“, рече тој.
BREAKING:
2 days ago, the Houthis in Yemen carried out their first ever deadly drone attack against Israel.
Now, Israel has answered with their first ever missile strikes against the Houthis.
The largest port of Yemen is now completely engulfed in flames. pic.twitter.com/qajK442Sk9
— Visegrád 24 (@visegrad24) July 20, 2024
Функционерот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, објави дека станува збор „брутална израелска агресија врз Јемен“. Тој рече дека нападите биле насочени кон притисок врз Хутите да престанат да ги поддржуваат Палестинците во Газа.
„Тоа нема да се случи“, рече тој.
🔴האש במסוף הדלקים בנמל חודיידה תדלוק כל הלילה🔴
לא מתעסקים עם צה״ל – הנמל בטווח יותר רחוק ב-200 קילומטר מאיראן
הכלכלה האיראנית בנויה על הנפט האיראני, הוצאת מסוף הנפט בח׳ראג אחרי על רוב ייצוא הנפט האיראני, השמדה שלו תמוטט את הכלכלה האיראנית
ככה מדברים במזרח התיכון pic.twitter.com/yEA7cVsuPD— אור פיאלקוב (@orfialkov) July 20, 2024
„Воените авиони на ИДФ нападнаа воени цели на терористичкиот режим Хути во пристаништето Ходеида во Јемен како одговор на стотиците напади извршени врз државата Израел во последните месеци“, се вели во соопштението на ИД. Израелски воен претставник изјави дека биле погодени две цели, вклучително и енергетската инфраструктура. Израел ги информираше своите сојузници пред нападот, кој го извршија борбени авиони Ф-15 и безбедно се вратија во Израел.
Ова е првпат Израел директно да одговори на, како што вели, стотиците јеменски беспилотни и ракетни напади насочени кон негова територија во последните месеци. Владата во Сана, предводена од Хутите, рече дека Израел ги погодил складиштата за нафта во близина на брегот, како и блиската електрана. Беше кажано и дека има жртви. Врховниот политички совет на движењето Хути во Јемен наскоро се закани со „ефективен одговор“ на израелските воздушни напади.
Во воздушните напади загинаа три лица, а 87 се ранети, објави во неделата телевизијата Ал Масира, повикувајќи се на јеменското Министерство за здравство. Повеќето од ранетите претрпеле тешки изгореници во воздушните напади чија цел биле нафтени постројки и електрана, објави главната телевизија на Хутите.
Говорејќи по нападот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја ќе се брани „со сите средства“.
„Секој кој ни наштетува ќе плати многу висока цена за нивната агресија“, рече тој во телевизиско обраќање, тврдејќи дека пристаништето е влезна точка за иранското оружје.