Три лица се избодени до смрт во центарот на Глазгов, јави Би-Би-Си. Според првичните информации на медиумот, полицијата најверојатно го убила напаѓачот.
Дел од локалните медиуми јавија дека и еден полицаец е тешко повреден.
На местото на инцидентот се вооружени полициски сили.
Полицијата соопшти дека ситуацијата во моментот е под контрола.