(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Од:

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тие навистина ги искористија САД“, рече Трамп за Европската унија, во обраќањето во кое најави можност за воведување дополнителни царини за Мексико и Канада. Трамп рече дека денеска ќе разговара со лидерите на Канада и Мексико за тарифите, кои треба да стапат на сила во вторник на полноќ.

Во саботата, Трамп објави 25% увозни даноци на канадски и мексикански стоки, при што канадската енергија се оданочува со пониска стапка од 10%. Канада и Мексико најавија одмазднички тарифи од 25 отсто за американските стоки.

„Тие не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат нашите земјоделски производи. Тие не земаат речиси ништо, а ние земаме сè, милиони автомобили, огромни количини храна и земјоделски производи“, рече Трамп.

Прашан дали има временска рамка за објавување на тарифите на ЕУ, Трамп рече: „Не би рекол дека има временска рамка, но тоа ќе биде многу наскоро“.

„Речиси секоја земја во светот ги ограбува Соединетите Држави. Имаме дефицити со речиси секоја земја – не секоја земја – но речиси, и ние ќе го промениме тоа. Тоа не беше фер“, рече тој.

Трамп, исто така, рече дека ќе ги зголеми царините за Канада доколку таа возврати, обвинувајќи го северниот сосед дека „со години ги злоупотребува Соединетите држави“.

„Го сакам луѓето во Канада. Не се согласувам со раководството на Канада. Нешто ќе се случи и таму“.

„Но, ако сакаат да ја играат играта, немам ништо против. Можеме да ја играме играта колку што сакаат“, вели тој.

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе одговори со царини во вредност од 106 милијарди долари како одговор на американските царини.

Дополнително, Трамп информираше дека САД ја запираат целата помош за Јужна Африка образлагајќи со тврдење за лош однос кон белците во земјата. Неговиот близок соработник, Илон Маск пак нашиша дека во Јужна Африка се трука геноцид на белците.

Би можело да ве интересира

Европа објави план контра американскиот: Има 24 точки и е прифатлив за Украина

Европските лидери го преправија планот на Трамп

Европа има три предлози за измени во мировниот план на Трамп во Женева, но ниеден не е прифатлив за Москва

Трамп сурово ѝ се закани на Украина: Зеленски ќе мора да го прифати мировниот план!

Путин: Доколку Киев не е подготвен да ги разгледа предлозите на Трамп, настани како Купјанск неизбежно ќе се повторат

Официјални лица на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали швајцарските царини