ВИДЕО: Трамп ја испрати ЦИА, Венецуела тврди дека ја урива власта заради нафта

Од:

Венецуелската влада изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Њујорк тајмс“ беше првиот што објави дека САД се подготвени за тајни операции што ЦИА ќе ги спроведе во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател.

„Давам зелено светло за овие акции“, рече Доналд Трамп, кој додаде дека сака да спречи пристигнување на голема количина наркотици од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.

Венецуела објави дека ваквите изјави се кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвуваат жалба.

Во исто време, Венецуела додаде дека сите акции на САД се насочени кон соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел да им се одземат нафтените ресурси.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО

Трамп: Наскоро го напуштаме Иран, цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.