ВИДЕО: Трагедијата во Кентаки е се поголема, расте бројот на жртвите

Од:

Бројот на жртвите од серијата катастрофални торнада во американската сојузна држава Кентаки се искачи на 74, а најмалку 14 лица ги загубија животите во уште четири држави – Илиноис, Арканзас, Мисури и Тенеси. Меѓу жртвите во Кентаки има шест деца.

Речиси 110 лица се водат како исчезнати. Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат урнатините во областите во шест држави каде што во петокот имаше налет на серија торнада.

Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар предупреди дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем. Тој рече дека жртвите биле на возраст од пет месеци до 86 години.

Илјадници луѓе се без струја, вода и парно на екстремно ниски температури, а речиси илјада куќи се оштетени или уништени.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди пари од федералниот буџет да се пренасочат за да се помогне во санирањето на штетите. Тој го постави и прашањето за системот за предупредување од торнада.

Бајден нагласи дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) истражува дали торнадата се предизвикани од климатските промени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торнадо уриваше згради како кули од карти, има загинати, 88 повредени

Во Москва е издадено предупредување поради можно торнадо

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

ВИДЕО: Торнада ја „нападнаа“ Оклахома

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде