(ВИДЕО) Трагедија во Русија: Маж активираше експлозив кога му се приближија полицајци, сите се мртви

Од:

Двајца полицајци и најмалку уште едно лице загинаа во експлозија што се случи во Москва. Според првичните информации, експлозијата се случи околу 1.30 часот наутро. Жртвите се полицајците Иља Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Идентитетот на третото лице засега е непознат.

Според официјалните податоци, трагедијата се случила на улицата „Елецка“, каде што двајца поручници од сообраќајната полиција забележаa сомнителен маж во близина на службено возило за време на редовна проверка. Кога му се приближиja со намера да го приведат, се случи силна експлозија. И двајцата полицајци, како и напаѓачот, починаa на самото место од повредите. Прелиминарните наоди укажуваат дека експлозивната направа била активирана на совозачкото седиште на автомобилот, до возачот.

Истражните органи во моментов го утврдуваат механизмот на активирање на експлозивот, како и потеклото и начинот на добивање на експлозивната направа. Покрената е кривична постапка за обид за убиство на службени лица и нелегална трговија со експлозиви.

Воениот дописник Александар Сладков, исто така, реагираше на нападот, предупредувајќи за, како што рече, загрижувачко зголемување на нападите врз службеници за спроведување на законот и војската во Русија. Тој верува дека ваквите дејствија се обид да се отвори „внатрешен фронт за саботажа“, со наводно вклучување на разузнавачки структури од Украина, Велика Британија и САД.

Починатите полицајци бea млади офицери и пријатели од детството. Поручникот Иља Климанов има[e 24 години и служел во московската полиција од октомври 2023 година. Втората жртва, поручникот Максим Горбунов, се приклучи на полицијата во февруари 2022 година, на 25-годишна возраст. Зад себе остави сопруга и деветмесечна ќерка.

Двајцата живееja во селото Михнево, во градот Ступино, и биле неразделни од раното детство. Климанов бил страствен фудбалер и играл за локалниот тим, додека Горбунов дипломирал на одделенска образовна институција на Министерството за внатрешни работи и ја започнал својата кариера во Државниот инспекторат за безбедност во сообраќајот. Климанов се приклучил на истата служба по завршувањето на воената служба.

Московскиот државен инспекторат за безбедност во сообраќајот објави дека на семејствата на починатите ќе им биде обезбедена целата потребна материјална и психолошка помош.

Фактот дека експлозијата се случи само неколку стотини метри од местото каде што, наутро на 22 декември, на улицата Јасеневаја, беше детонирана бомба под службениот автомобил на генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на Дирекцијата за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили кој беше убиен.

Пензионираниот полковник и воен аналитичар Виктор Баранец оцени дека одделот предводен од Сарваров претставува „мозокот на центарот“ на руската армија. Како што истакна тој, под водство на Сарваров, одделот консолидираше и применуваше клучно борбено искуство, комбинирајќи академско знаење со практика на бојното поле.

„Неговото отстранување не е само удар врз еден човек, туку и врз една од клучните функции на команда и контрола на трупите, како и обид за ослабување на интелектуалниот потенцијал на руската војска“, заклучи Баранец.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Захарова: Руските волци се одмазда за „европските прасиња“

Издаден е налог за апсење на шаховската легенда Гари Каспаров

Зеленски: Нацртите за вистински крај на војната со Русија се подготвени

(ВИДЕО) Рускиот генерал Фанил Сарваров загина во експлозија во Москва

Горан Наумовски

„Скај њуз“: Путин ги покажа Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон како руски територии