Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека на територијата на општина Кањижа се пронајдени два големи пакети експлозиви со фитили, нагласувајќи дека навремената реакција на српските вооружени сили спречила сериозна акција насочена против виталните интереси на државата, пред сè против клучната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

За време на обиколката на градилиштето за проектот Експо 2027 во Сурчин, Вучиќ рече дека веќе разговарал за случајот со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го информирал за првите резултати од истрагата на српските воени и полициски власти. Според него, доколку планираната саботажа успеела, последиците би биле далекусежни – и северна Србија и Унгарија би останале без гас.

„Пронајдени се два ранци, односно два големи пакети експлозиви со фитили. Имаме и други траги што се пронајдени за време на истрагата. Доколку имало прекин во снабдувањето, Унгарија немаше да има гас, а немаше ниту ние во северна Србија“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат