ВИДЕО: Традиционална трка со бикови во Шпанија, годинава 35 повредени

Од:

Шест лица се повредени во петокот во текот на последната трка со бикови по улиците на северниот шпански град Памплона, традиционален деветдневен настан со кој се празнува локалниот фестивал Денот на свети Фермин, па вкупниот број повредени во годинешните свечености кои привлекуваат илјаници туристи од целиот свет се искачи на 35 лица.

Последната трка којашто траеше малку повеќе од две минути, заврши со прием на пет лица во болница, но ниту една од повредите не е како последица од прободување со рогови, соопшти портпаролката на универзитетската болница во Навара.

„Меѓу хоспитализираните, две лица се потешко повредени, едно лице се здобило со нагмечување на градниот кош, а друго со повреда на главата“, изјавила за локалните медиуми портпаролката Марта Мартин.

Службата на Црвениот крст соопшти дека на шестиот тркач му е пружена лекарска нега во амбулантата во арената за корида во Памплона.

Годинава се повредени вкупно 35 луѓе, но ниту еден критично. Најнеобична е повредата на 58-годишниот Холанѓанец кој се здобил со мала исекотина на тестисите од удар со рог.

Секоја година во пуштањата на биковите повредени се десетици луѓе, а понекогаш има и мртви. Од 1911 година, откако почнало водењето на статистиката, најмалку 16 луѓе ги загубиле животите во уличните трки со биковите. Последната жртва е регистрирана во 2009 година кога бик на роговите наби 27-годишен Шпанец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски