(ВИДЕО) Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Од:

Денеска на автопатот кај израелскиот град Ашдод се случи терористички напад во кој животот го загуби полицаец на возраст од околу 30 години, неколку лица се ранети, а напаѓачот е „неутрализиран“.


„Тајмс оф Израел“ наведува дека терористот дошол пеш на автопатот, а не се знае дали се приближил до полициското возило кое било во лентата за застанување или пак возилото застанало за да го испраша што прави таму.


Напаѓачот пукал од пиштол и го ранил полицаецот, кој подоцна починал од здобиените повреди.

Се наведува дека после тоа терористот почнал да пука во цивили во возилата што минувале, а бил „неутрализиран“ од вооружен цивил кој го запрел автомобилот и го убил напаѓачот.

– Возев и видов вооружен маж како стои на патот. Прво мислев дека е полицаец, но потоа пукаше кон мене. Се наведнав, скокнав од возилото, извадив пиштол и го застрелав – изјави цивилот, кој волонтира во Итната помош.

Би можело да ве интересира

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Трамп му се закани на Хамас