ВИДЕО: Таткото го фрли детето од прозорецот на зградата, а потоа сам скокна

Од:

Во Казахстан дошло до пожар во повеќекатница, во која, како што јавија локалните медиуми, се евакуирани повеќе од 300 луѓе, а посебно внимание привлече едно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што многумина останале заробени во зградата поради пожарот, еден татко немал многу избор, па решил да го фрли своето дете од петти кат, додека луѓето на земја ширеле чаршафи.

На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се види како таткото го фрла малото дете од висина од 20 метри, а долу сепак го фаќаат безбедно неколку луѓе.

На драмата и немало крај, бидејќи родителот во паника веднаш скокнал. За среќа, некој донесе душек за да го ублажи падот, бидејќи чаршафите тешко ќе ја издржат тежината на возрасен човек. Останува нејасно зошто станарите не ја напуштиле зградата користејќи ги пожарните скали, а постои можност да биле блокирани.

На видеото се гледа како некои од нив стојат покрај прозорецот за да не се задушат од чадот.

Локалните медиуми јавуваат дека нема жртви, а во болницата се згрижени 31 лице, меѓу кои 16 деца. Пожарот по извесно време бил локализиран, а во акцијата учествувале 50 пожарникари кои донеле големи скали и на тој начин ги извлекле заробените луѓе, пренесува Сан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

А1он

Гори во Ѓорче Петров, близу пожарот има куќи

А1он

ЦУК: Голем пожар во атарот на Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори

Гори во велешко и скопско

Три пожари во еден ден, гореле магацин, погон и куќа во Скопје

Ландов

Спасовски: Пожарот во куќата на Мисајловски не е поврзан со изборите

Виктор Јованов