Три пожари во еден ден, гореле магацин, погон и куќа во Скопје

Од:

Три пожари избиле вчера во Скопје. Запалена била куќа, магацин и погон. Според МВР, во трите пожари, нема ниту еденповреден.

Првиот пожар настанал вчера наутро, кога во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Смолјани“ настанал пожар во куќата сопственост на С.З.(74).

„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Вториот пожар бил во магацин во економска зона.

„Било пријавено дека во економската зона „Чојлија“ настанал пожар во магацин на правно лице. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен“, велат од МВР.

Третиот пожар, беше во Цементарница „Усје.

„Било пријавено дека во Цементарница „Усје“ настанал пожар во еден погон. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен“, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

Во потрагата по Вања пребарувано е коритото на Вардар, подруми во околината, контактирани се цркви и манастири

А1он

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

По Вања се уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава

Александар Тодески

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Уапсена 54 годишна жена во гостиварско Градец, украла пари и накит во јавен превоз

А1он