Екстремистите од Исламската држава објавија видео снимка од градот Хами, на која што се гледа како млада жена е каменувана од група на луѓе, помеѓу кои е и нејзиниот татко, најверојатно поради прељуба.
Жената во еден момент се свртува кон својот татко и го моли за прошка, но тој одбива велејќи дека повеќе би сакал да го направи она што Бог му го дал како инструкција и им дава знак дека каменувањето може да почне.
Еден од екстремистите и вели да биде „среќна“ затоа што ќе биде каменувана, а тоа е волјата на Бог.
Е. Г.