(ВИДЕО) Сведоштво на евакуираните од Азовстал: Не видовме сонце два месеца

Од:

Десетици цивили се евакуирани од Мариупол по неколку недели опсада во фабриката за челиk Азовстал. Жена кој беше меѓу евакуираните вчера вели дека не видела сончева светлина два месеца, додавајќи дека мислела дека нема да преживее.

Русија соопшти дека десетици цивили пристигнале во село што е под нејзина контрола.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека голема група исто така е на пат кон Запорожје.

„Првата група од околу 100 луѓе веќе се упатува кон контролираната област“, напиша тој на Твитер. „Утре ќе се сретнеме со нив во Запорожје. Благодарни на нашиот тим. Сега тие, заедно со ОН, работат на евакуација на други цивили од централата“ објави вчера Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков