ВИДЕО: Супертајфунот во Хонг Конг сруши кран на облакодер од 22 ката, челичната конструкција падна на зграда

Од:

Тајфунот кој ги погоди Филипините направи голема штета и во Кина. На едно видео од Хонг Конг се гледа како невремето урива кран висок повеќе од 20 ката.

Граѓаните на Хонг Конг имаа прилика да почувствуваат колку се опасни и силни налетите на ветер за време на поминувањето на тајфунот Мангкут во нивниот град. На социјалните мрежи се појавија снимки од рушење на кран од облакодер во изградба, висок 22 ката.

Силните ветрови во недалата прво ја оштетија конструкцијата на зградата во изградба во Тик Кок Цуј, за потоа во текот на целиот ден конструкцијата да се сруши.

Во несреќата немало повредени лица, потврди и полицијата по интервенцијата на местото.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски