ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и „жолтите елеци“ во Париз, приведени 85 демонстранти

Од:

Осумдесет и пет луѓе се приведени во Париз во петтиот по ред викенд од протестите на „жолтите елеци“.

Неколку илјади луѓе повторно излегоа на улиците да протестираат во Париз.

Полицијата соопшти дека 46 од приведените се со мерка „задржување под стража“. Меѓу полицијата и демонстрантите имаше неколку судири. Полицијата употреби солзавец за да растера демонстранти во центарот на градот.

Денешниот протест доаѓа само пет дена по обраќањето на претседателот Емануел Макрон во кое тој даде извесен број на гаранции за куповната моќ на Французите по што се отвори широка дебата во Франција.

Силите на редот денес употребија солзавец на Шанзелизе, откако „жолтите елеци“ започнаа да фрлаат разни предмети врз нив.

Почетокот на денешниот протест беше мирен, а судирите започнаа по 14 часот. Однесувањето на полицијата и дел од демоснтрантите многу наликува како пред 15 дена.

Околу 8.000 полицајци и 14 оклопни возила се распоредени во Париз заради протестите.

Вчера вечер едно лице го загуби животот на границата меѓу Франција и Белгија, откако со својот автомобил удри во камион застанат на препречениот пат од „жолтите елеци“. Тоа е седмата жртва од почетокот на движењето.

Според некои проценки движењето на „жолтите елеци“ ги намалил приходите на трговците пред Божиќните празници за околу 2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“