Околу 1.700 туристи се евакуирани од античкиот град Петра во јужен Јордан поради поплави предизвикани од дожд, јавија денеска локалните медиуми.
По силниот дожд, вода се излеа по карпите кои го опкружуваат древниот храм Набатен.
Локалните власти донесоа одлука за евакуација на околу 1.700 туристи кои се нашле на популарната локација.
За време на викендот, јорданските служби за безбедност предупредија на лоши временски услови ширум земјата и дека се очекуваат многу обилни дождови на југот на Јордан.
Heavy rains and torrents of floodwater prompted the evacuation of Jordan’s famed archaeological site at Petra — home to several tombs and temples carved into sandstone cliffs. https://t.co/tap7k5kVCO pic.twitter.com/pkdLRN86ji
— ABC News (@ABC) December 27, 2022
Според медиумите, три лица се повредени при превртување на автобус поради силен дожд во близина на градот Ман на југот на Јордан, недалеку од Петра.
На патот покрај Мртвото Море се пријавени и неколку одрони.