ВИДЕО: Најмалку 40 луѓе изгореа во страотен пожар во ирачка ковид-болница

Од:

Најмалку 39 луѓе настрадаа во разорен пожар што зафати болница во ирачкиот град Насирија во која лежеле пациенти заразени со коронавирусот, јави државната агенција ИНА.

„Здравствените екипи ги изнесуваа јагленисаните тела од запалената болница, додека многу пациенти се бореа за здив поради чадот кој се креваше од зградата“, јави репортерот на Ројтерс од местото на страотниот пожар.

Уште најмалку 60 луѓе биле згрижени во други болници во градот поради изгореници, повреди и проблеми со дишењето.

Пожарот бил ставен во контрола по неколку часа. Според надлежните, бројот на жртви речиси сигурно ќе расте, поради тоа што многу пациенти се водат како изчезнати.

Во последните неколку месеци имаше неколку случаи на катастрофални пожари во ковид-болници во Ирак, од кои најтешкиот беше во април, кога во оддел за третман на пациенти заразени со коронавирусот во Багдад, животите ги загубија 82 луѓе.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ